Магична кутија ,,Отвори за среќа”

Кој вели дека среќа не може да се подари!?

Ние во Еснаф решивме практично да го “разбиеме овој мит”.

Име на експериментот: ОТВОРИ ЗА СРЕЌА
За кого е наменет експериментот? За сите драги личности, родители и деца, дадички и батковци големи и мали, долготрајни или нови љубови, колеги, пријатели, вечни симпатии…
Време за одвивање на експериментот: пред, за време и по Новогодишните празници…
Како ќе знаеме дека експериментот е успешен? Среќни и весели лица ✅
Се прашувате како ќе го направиме тоа? Одговорот е со ваша помош⤵️
Тимот на Еснаф, како Херкул Поаро, ги активираше сите сиви ќелии за да ја замисли “магичната кутија” што ни е потребна за овој експеримент. Додека се изработуваше ОТВОРИ ЗА СРЕЌА кутијата вредните “џинови” на Еснаф ги подготвија подароците, секој посебен и уникатен.

Потоа во експериментот “ускокнувате” вие. Вашата улога е особена важна и сложена. Она што треба да го направите на почетокот е од суштинско значење.
Имено, многу е важно да ги слушате драгите личности, да ги запознаете нивните скриени желби и потреби, да дознаете што е она што долго време си го посакуваат, планираат или би сакале да го имаат. Направте го тоа дискретно, зошто факторот изненадување е посебно важен за успехот на овој експеримент.

Богати со информации и првични идеи доаѓате во Еснаф и ја полните магичната кутија. Нека не ве плаши зборот “полнете”. Полна кутија (среќна кутија) може да биде и кутија со едно парче, кое ете е најпоскуваното нешто за некого.

Важно е дека вие избирате и комбинирате што ќе содржи “магичната кутија” . Доколку се двоумите, ви треба совет или помош при изборот на подарокот или сакате да нарачате некој персонализиран подарок по ваша замисла, тимот на Еснаф е секогаш тука да ви помогне.

Кутијата ја зачинувате со рачно напишана порака која ќе ви ја изработат на лице место. Обидете се пораката да биде со ваши зборови “од срце”, кои ќе и ја покажат на драгата личност вашата нежна страна.
Подарокот може да го однесете сам, да го ставите под елката или да го сокриете некаде каде што знаете дека дргата личност ќе го најде. Доколку пак сакате да и приредите поголемо изненадување, ОТВОРИ ЗА СРЕЌА магичната кутија може да биде доставена на соодветна адреса.
Ако немате многу време и немате можност да ги посетите вашите драги личности, сето тоа може да го направите на Еснаф онлајн продавничката на www.esnaf.eu. Онлајн наполнете ја магичната кутија, а ние ќе се потрудиме дискретно да ја добиете, пред да ја подарите.

Денот “Д” или денот кога драгата личност ќе го добие подарокот.
Сите подготовки и целиот труд се исплатат за мигот кога драгата личност ќе отвори кутија полна среќа. Среќата се гледа на лицето, во зборовите, гестикулациите. Дозволено е гласно да се радува, да скока до таван, дозволени се и солзи радосници.
Возбудени и задоволни седнувате да одморите, а таму ве чека вашата ОТВОРИ ЗА СРЕЌА “магична кутија”. Зарем мислевте дека сте единствениот на кого му текнало да подари среќа!?
Успехот на нашата кампања ОТВОРИ ЗА СРЕЌА е поголем колку подолго трае среќата кај лицата што добиле ваква кутија. Како ќе го знаеме тоа? Пратете ни во порака, слика или едноставно уживајте во гледање, носење, користење ….на подарокот што сте го добиле и знајте дека не постои копија на истиот.

Сите кои сакаат да им овозможат на блиските за престојните празници уникатни подароци – ОТВОРИ ЗА СРЕЌА, повеќе информации можат да добијат на телефонот 070 801 661, на https://esnaf.eu/mk/product/otvori-za-sreka/ или во нашата продавничка кај грчка амбасада.

#отворизасреќа