Еснаф – За нас

Ако си борец против консумеризмот и нееднаквоста, ако си одговорен купувач и се бориш за позитивни промени во општеството, тогаш ти си на вистинското место…. Добредојде во продавничката за рачни изработки – Еснаф!

Еснаф е исполнување на мојот сон. Јас го изодев тешкиот лавиринт, низ кој поминуваат сите креативци. Погледнав во огледалото и го видов светот каков што треба да биде, а не каков што е, и следејќи го своето срце, храбро скокнав во предизвикот наречен „подобрување на светот”. Кога ќе решиш да учествуваш во подобрувањето на светот, во рамките на твојата моќ, тогаш започнуваш да делуваш, а убавите дела брзо се прифаќаат и шират.

Еснаф е социјално претпријатие во кое се продаваат делата на повеќе од 80 занаетчии, а дел од нив се лица од ранливите категории.
Преку ракотворбите кои следат, ќе ја запознаеш душата на креативците кои творат со денови и ноќи, за нештото да биде совршено. А, кога ќе го добиеш, ќе знаеш дека е вредно парче љубов.
Со секое купување на производ од Еснаф, правиш разлика, помагаш да се оствари сонот на овие занаетчии!

П.С. Секој од производите во оваа продавничка е уникатен и единствен, и претставува само мал дел од сето она со што располага Еснаф. Секој ден имаме нови занаетчии со нови креативни производи, затоа заследи нè на социјалните медиуми за да бидеш во тек со новостите!

Драги верни купувачи и пријатели на Еснаф,

Со задоволство Ве информираме дека нашата компанија во соработка со уметници и занаетчии успешно креираше нова колекција – Signature collection. 

Еснаф Signature collection е поддржана од Фонд за иновации и технолошки развој