Незапирлива – Росица Мршиќ

НЕЗАПИРЛИВА е иницијатива која има за цел да ја подигне свеста, да ги инспирира и да ги поддржи жените-хероини кои не се откажуваат и и пркосат на секоја препрека во животот.

Незапирливи жени кои креираат од срце и сонуваат со очи широко отворени.

Иницијативата започна пред една  година и доби огромна поддршка од силни и успешни жени- двигатели во општеството, кои ја препознаа нејзината неопходност.  Тоа ни даде дополнителен мотив да продолжиме напред и да не запираме. Со посветена работа и заеднички труд ги создадвме нашите први брендирани рачно изработени торби – Манта, Каделка и Гуна, заедно со Росица Мршиќ.

Инспирацијата за овие уникатни и невообичаени ташни беа природните материјали, женската носија, боените конци, традиционалните женски костими.

Линк до промотивно видео

МАНТА

Манта е инспирирана од  правоаголното платнено парче кое се носело за да се покрие градниот отворен дел од кошулата на женската носија.

Ова е можеби најсложената торба за изработка бидејќи вклучува најголем број на изработувачи. На памучна платнена основа со сито печат се аплицира уникатниот дизајн. Потоа врз него се навезуваат монистри и конци. На крај заедно со рачно шиената кожна рачка од мека црна кожа, се составуваат сите делови.

КАДЕЛКА

Каделка или тресачка е торба изработена со истата техника на изработка на таписерија, односно  вез од  волнени конци на традиционален начин. За изработка на оваа торба потребни се две недели и се вклучени минимум три изработувачи. Поставена на познатото панама платно, на кое се работи со специјална игла (punch needle). Потоа се нанесува специјален лепак и постава. Следи процесот на ,,шишање,, односно оформување на конците. Дополнително во процесот на изработка се и рачно шиените рачки од мека црна кожа. Завршуваме со составување на сите делови.

ГУНА

Инспирирана од гуната, која е одлика  на традиционалниот женски мариовски костим на почетокот на 20-тиот век. Плетена со една игла, со мек макраме конец кој и дава чиста форма и елегантна линија. Комбинација со две плетени рачки и шарен памучен пом-пом кој и дава посебен карактер.

Оваа колекција на дизајнерски ташни е безвременска, не е сезонска, не е брза мода… Создадена е од златните рацете на жени незапирливи, кои го пренесуваат духот на минатото и на традицијата во современиот свет. Тие пренесуваат порака до сите жени – да бидат свои, единствени, да ја негуваат љубовта кој традицијата и да се гордеат со неа.

Преднарачај ја твојата омилена торба на https://esnaf.eu/mk/product-category/signature-collections/rosica-mrsik/