Незапирливи

Една од најголемите поддржувачи на мојата работа и на Еснаф е Г-ѓа Biliana Angelova – Billy , сопруга на бугарскиот амбасадор Г-дин Ангел Ангелов. Покрај тоа, таа се вклучува во многу иницијативи кои имаат цел за подигнување на свеста и поддршка на лица од ранливи групи. Билиана и нејзиниот сопруг, се едни од најредовните клиенти на Еснаф. За секоја пригода во амбасадата, за себе, редовно доаѓаат и купуваат од Еснаф. Таков вид на поддршка е нешто што го одржува Еснаф во живот.
Овој пат добивме финансиска поддршка од амбасадата на Бугарија и Министерството за надворешни работи на Бугарија за проектот Незапирливи. Врвни дизајнери од 🇲🇰🇧🇬 ќе дизајнираат производи кои што ќе бидат изработени од лица од ранливи категории.
Заедно Rosica-Mrsik , Neli Mitewa Ivan Asen, Dinka Yakimova-kasabova и @DilianaIvanova ќе создадеме прекрасни производи и колекции.
Првата фаза од проектот се реализираше на 28 и 29 април.
На 28 април имавме обука со Нели Митева – која е врвен предавач со богато искуство и големо портфолио, основач на платформата Иван Асен 22 која обединува дизајнери од цела Бугарија. Знаењето што ни го пренесе Нели е од огромно значење за развој на идни колекции: Креирање на концепт за колекција – создавање на moodboard, избор на теми, селекција на бои, инспирации од каде да црпиме. Имавме и практичен дел каде сите учесници изработија и се претставија со свои концепти за колекции.
Вториот ден имавме работилници за сито печат и монистри:
Динка Касабова ни ги пренесе вештините за печатење врз текстил со разни печати и разни текстури. Си испечативме многу маички и торбички, спремни сме за нови производи!
Дилиана Иванова ни откри нов пристап кон изработките со монистри – вештините ги надградивме и сме спремни да проткаеме нешто ново и современо ❤️
Голема благодарност до Амбасада на Бугарија за поддршката за реализација на проектот Незапирливи!
Првата фаза заврши, сега спремаме колекција со Росица Мршиќ, stay tuned ❤️