Што е СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ?

Што е СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ?
Социјалното претпријатие е модел на бизнис кој што има социјална цел. Овој вид на бизнис сеуште не е добро познат во македонската економија, односно се соочува со одреден вид на предрасуди, се поради не добро разјаснетиот концепт на функционирање. Социјалната цел подразбира работење на претпријатието според општествени вредности од кои што заедницата ќе има корист. Примарна цел на социјалното претприемништво е зајакнувањето на социјалната кохезија и солидарноста.

Што значи ова?
СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ е всушност организација која постои за доброто на сите. Од луѓето како единки, до придонес за целото општество во различни сфери. Во нашиот случај, Еснаф пред се е големо семејство на над 100тина изработувачи и исто така социјално претпријатие. Како и на сите СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА главна цел е воспоставување на одржливост.
Еснаф е место каде што се спојуваат креативноста, талентот, амбицијата, човечноста, пријателството. Тука сите имаат исти можности и шанси да го претворат својот талент во нешто што ќе биде понудено на пазарот. И тоа всушност е главната цел и мисија. Присутноста на пазарот е еден од главните чекори за остварување профит што понатаму води до остварување на главната цел односно до самоодржливост. “Одржливите приходи” го разликуваат социјалното претпријатие од добротворна организација или традиционален бизнис каде што за постигнувањето на целта се вклучува надворешно финансирање, грантови или донации. Успешно социјално претпријатие е она што балансира меѓу поддршката на социјалната мисија и максимизирање на продуктивноста на деловниот потфат за да се обезбеди одржливост. Приоритет на секое СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ е реинвестирање на остварениот профит.

Еснаф постои од и поради занаетчиите и луѓето кои ценат рачни изработки. Патот до успехот е тежок, но не е и невозможен… Тоа секојдневно го гледаме низ примери од нашите занаетчии. Еснаф е
-Еднаквост
-Можност
-Инспирација
-Надеж
И најважно Еснаф е Љубов 💚💛