Ремен изработен со традиционалната техника ткаење на разбој.
Ткаењето со разбој било познато во далечното човеково минато. Имено податоците кажуваат дека во античка Македонија, западна Азија и во Египет тоа било познато уште 3000 годнини п.н.е.
Разбојот или справа (машина) служи за ткаење на платна, килими.. и е една од најважните справи во историјата на човекот. Првите разбои биле целосно изработени од дрво и сите операции на нив се вршеле рачно.
На принципот на кој работи стариот разбој работат и големите фабрички машини за ткаење.