Резба “Грозд”.
Резбата зазема посебно место како значајна уметничка гранка со вековна традиција. За жал, поради трошноста и лесната запаливост на дрвото, предметите изработени од овој материјал биле низ вековите повеќе подложени на пропаѓање и уништување, така што немаме зачувани поголем број постари средновековни творби во резба. Но, тие кои опстанале и се сочувани сведочат за нејзиното достојно уметничко ниво.
Дали знаете дека рачно изработените производи ја поддржуваат и продолжуваат традицијата на занаетчиската работа?