Филигранот со срма е специфичен вид на филигранска уметност препознатлив само за Македонија и слободно може да се каже дека е уникатен. Срмата се користела за везење на традиционалната женска носија. Филиграните од срма се слики кои се работат со лепење на срмен конец врз претходно изработен цртеж, а притоа се запазуваат елементи од филигранскиот занает. Оваа уметност е автентична за Македонија, по неа сме препознатливи надалеку во светот.
Техниката бара многу посветеност, љубов, креативност, умешност Мотивите се најразлични и повеќето произлегуваат од богатата историја, култура и традиција на македонскиот народ. Составен дел на народните носии биле украсите. Тие се користеле во зависност од облеката и пригодата, па затоа се изработувале украси во форма на крст, медаљони, брошеви, обетки, мангура и сл.