Мандала, во превод значи мистичен круг. Претставува мал универзум создаден со разни форми во круг, кои симболизираат дека се е поврзано. Животот не завршува, туку повторно се раѓа.
Мандалата (геометриски кружни цртежи) е еден од најстарите универзални симболи кои му се познати на човекот. Тие носат посебен вид на вибрациска енергија и се користат за подобрување на менталното, емоционалното, физичкото и духовното здравје.
-Црвена: енергија, страст, сила
-Жолтата е боја на сонцето. Таа се поврзува со радост, среќа, интелект и енергија.
-Зелената е боја на природата. Таа симболизира раст, хармонија, свежина и плодност.
-Сината е боја на небото и морето. Често, таа асоцира на длабочина и стабилност.
-Белата боја се поврзува со светлината, добрината, невиноста, чистотата.