НЕЗАПИРЛИВА е иницијатива која има за цел да ја подигне свеста, да ги инспирира и да ги поддржи жените-хероини кои не се откажуваат и и пркосат на секоја препрека во животот.
Самохрани мајки, жени кои се избориле со тешки болести, жени со попречености, жени од сите ранливи категории… Незапирливи жени кои креираат од срце и сонуваат со очи широко отворени.
Иницијативата започна пред една  година и доби огромна поддршка од силни и успешни жени- двигатели во општеството, кои ја препознаа нејзината неопходност.  Тоа ни даде дополнителен мотив да продожиме напред и да не запираме. Со посветена работа и здружени сили (оваа година)ги создадвме нашите “чеда” -нашите први брендирани рачно изработени торби – Манта, Каделка и Гуна.
Посебно сме благодарни на соработката со прекрасните дизајнерки
од Бугарија и Македонија, кои го збогатија со своето знаење тимот “Незапирливи”, како и  на амбасадата на Бугарија во Македонија за нивната финансиска поддршка.  ( ова може да оди на крај)
Инспирацијата за овие “незапирливи” продукти беа природните материјали, женската носија, боените конци, традиционалните женски костими.
Не се пронајдени продукти кои се совпаѓаат на вашиот избор.