КРЕАТИВНОСТ И КРЕАТИВНА МОЌ

Зборот креативност потекнува од латинскиот збор термин ’creo’ и значи создавање, творење, да се создаде нешто од ништо, поточно од идеја до реализација. Кративна моќ е енеригја односно енергија претворена во чувства. Без чувства не можеме да создаваме. Она што јас сакам да го појаснам околу зборот креативност и она што вистина е креативната моќ е дека таа ( креативноста ) е дел од секој еден од нас и едноставно доколку не ја негуваме дозволуваме нашите чувства да згаснат, а со тоа и детето во нас. Зошто е многу важно да го одржиме детето во нас постојано активно, задоволно и живо.

Епа вака. Она што нашиот дух и тело го прави да чуствува и да има потреби и желби и постојано да имаме мечти кон нови цели и идеи е баш тоа дете во нас кое е многу битно постојано да го одржуваме и негуваме. Кога креираме (создаваме) нашата душа едноставно зборува, нашата енергија односно нашите чувства се зголемуваат. А она што го кажуваме додека твориме и го изразуваме преку творењето е од особено значење за себе, но и за другите околу нас. Со самото тоа што твориме ние ја канализираме нашата енергија правилно, размислуваме, го негуваме и развиваме мозокот, и дозволуваме на нашата креативност и енергија да растат и со тоа стануваме се поголеми во духот поточно нашата енергија и чувства растат и се зголемуваат.Нешто што не воздигнува најблиску до Бог и до себе спознавањето и пронаоѓањето на својата цел, едноставно изразување на себе си. Она што е од круцијално значење за секој еден од нас е токму творењето. Онаа особина што сите ние ја имаме (секој за нешто) и она што не прави човечни : КРЕАТИВНОСТА/КРЕИРАЊЕТО.

За мене ова е единствениот чекор кој доколку често го чекориме си дозволуваме да одиме напред, да созрееме во душата, да се просветлиме, да се запознаеме себе си, своите можности и да ја разбудиме свеста и нашата моќ. Ја зголемуваме нашата моќ, нашите чувства се будни, а од особено битно значење е да не престанеме да чувствуваме бидејќи чувствата се оние кои не поттикнуваат да одиме напред. Без чувства ништо не се случува.

Сигурно сте слушнале за некој голем уметник /музичар кој создал врвно дело додека бил многу тажен. Ние ја канализираме нашата енергија и нашите чувства правилно. Креативноста го негува нашиот ум, разум, нашите мисли, идеи, желби, љубов, имагинација, чувства и не храни со позитивна енергија бидејќи ние веќе сме ја канализирале својата енергија правилно и сме задоволни од себе си. А што се случува кога сме задоволни со себе си знаете ли?

-Зрачиме!

Зрачиме љубов и позитива, а тие наши зраци привлекуваат само убави вибрации и почнуваат убави нешта да се случуваат околу нас. Едноставно сјаеме. Детето во нас е будно и животот во нас се враќа. Желбата за успех, за создавање, творење, знаење и ред други работи кои не прават човечни и достојни да го уживаме овој Благослов наречен живот. Да. Ние повторно се раѓаме. Се раѓаат нашите мечти, желби, цели и идеи. Колку и да звучи чудно, оваа креативна моќ односно енергија има сила да не излечи. Задоволството е чувство кој човекот го доживуа кога ќе исполни нешто што долго го посакувал, некоја своја желба. Со создавањето ние ќе бидеме задоволни и со тоа ќе го зголемиме хормонот серотонин кој помага во забрзување на моторните функции, го регулира крвотокот во мозокот, влијае брз регулиање на телесната темертура, има налгество дејство, го намалува апетитот, ја намалува анксиозноста, исо така и депресијата и нашето расположение.

И да. Запомнете пријатели. Никогаш не е доцна.

Па што е потрајно и поголемо од цела една вечност. Не се разочарувајте. Неколку години не се цела вечност. Имате време да се докажете себе си и на другите. Имате време да го разбудите детто во себе. Почнете да творите. Почнете да го живеете вистински вашиот живот. Бидете свои, бидете ТИ. Она за кое што ТИ си создаден. И не се откажувај лесно. Секој почеток е тежок. Но ТЕ уверувам дека доколку влезеш во оваа слатка авантура наречена КРЕАТИВНОСТ и СОЗДАВАЊЕ ќе бидеш преблагодарен на себе си што си се одлучил да го чекориш овој пат.

И да, со тек на време ќе стануваш се подобар и подобар додека не станеш велемајстор во она што си го одбрал и што за тебе претставува задоволство. Она што одвнатре те тера да бидеш ТИ. Гласот во тебе кој ти зборува и те води во животот. Запомни. Тоа е детето во тебе. Биди упорен и постојан. И знај дека се што можеш да замислиш, можеш и да создадеш. Разбуди го детето во себе и биди задоволен од себе.

ТВОРИ!

…..

Автор: Катерина Јовановска, 2020