НЕЗАПИРЛИВА

Незапирлива.
Жена која се соочува со разни препреки и предизвици, но, сепак продолжува. Не запира.
Во текот на работата се сретнав со многу жени, борбени и упорни, но кои секојдневно се соочуваат со тешки предизвици за кои е потребно многу сила да се продолжи. Тие не запреле и не се откажале, туку продолжуваат да творат и да пркосат на секој проблем.
Самохрана мајка, со Даунов Синдром, жена која се изборила со рак, жена со попречености. Нивните дела се доказ дека не се откажуваат туку продолжуваат и стануваат уште похрабри и посмели.
“Незапирлива” е иницијатива за подигнување на свеста и поддржување на овие жени.