Дознај повеќе за монистрата

Монистрата претставува мал украсен предмет, кој може да биде изработен од стакло, дрво, школка, бисери, кристали во најразновидни облици и бои. Формата на монистрата најчесто е тркалезна но секако дека можат да се изработат и поинакви форми.

Во Македонскиот фолклор и традиција, монистрата играла улога како украсен елемент на народната традиционална носија, но како и накит кој се носел за време на некој празник или церемонија. Монистрите најчесто биле составен дел на ќостецот или ќустек, некаде познат и како ороводец. Ќустекот земал улога во украсувањето на облеката односно на машката и женската носија.

Денеска, монистрите наоѓаат примена во изработката на најразновиден впечатлив накит, како што се обетки, белезгии, ланчиња, брошеви, новчаници и како изработка на голем број на сувенири во кои главен мотив се претежно боите на нашата земја.

 

Црвената, златната и црната боја се најзастапени во бојадисувањето на монистрите нивната симболика се поврзува со значењата, љубов, сила и храброст кои се вкоренети во идентитетот на нашиот народ.

 

Разгледај повеќе накит од монистра:

ЦРВЕНИ ОБЕТКИ ОД МОНИСТРА

 

СЕТ НАКИТ ОБЕТКИ И ОГРЛИЦА ОД МОНИСТРА