fbpx

Дознај повеќе за бакар

Изработките од бакар припаѓаат во групата на Казанџискиот занает, кој во Македонија датира околу пет века и претставува еден од најстарите занаети. Постојат извори кои велат дека казанџискиот занает потекнува уште од времето на Персија (денешен Иран) и Индија, чие население се занимавало со откопување на бакарна руда. Покрај нив, исто така, земја богата со бакарна руда била забележана и во Грција во III век пред нашата ера. Казанџискиот занает го достигнал својот најголем развој во втората половина на XIX век и почетокот на XX век. Потоа, во периодот меѓу двете светски војни, побарувачката на бакар и бакарни производи почнала значително да опаѓа со појавата на индустријализацијата и софистицираноста на производи од друго потекло.

За да се изработи одреден предмет од бакар, централно место зазема огнот на кој се топи бакарот и откако ќе се стопи, се развлекува со помош на тешки чекани на таканаречени табли. Од бакар се изработувале најразлични предмети, од садови за вода и храна, прибор за сервирање, сакрални предмети, производи за осветлување па се до накит. Денеска, претежно казанџиите се занимаваат исклучиво со изработка на казани за ракија/вино. Но, има и од оние кои што бакарот го нашле како креативен елемент за изработка на интересни и специфични предмети како што се сувенирите, накитот и итн.За нивна изработка се користат со мотиви од традиционалното и модерното време.

 

Разгледај повеќе накит од бакар:

БАКАРНИ ОБЕТКИ

БАКАРНА АЛКА

БАКАРНИ ОБЕТКИ СО КВАРЦ – МАЧКИНО ОКО