fbpx

НАШАТА БЕТИ – НЕЗАПИРЛИВА

Незапирлива – како започна…

Со тетка Мира (мајка и на Бети) се слушаме повремено. Ми кажуваше дека Бетка постојано и непрестајно плете. – ,,Изабела дај и некоја идеја што да плете, цела година истото па истото, од дома не е излезена, само тоа прави цело време.” И реков не грижи се, ќе смислиме нешто. И тогаш почнав да барам идеи.

Сакав да биде нешто со мисија и цел да ја воздигнеме жената која ги надминува предизвиците и не престанува во својата цел. Незапирлива. Така симбол станаа плетени алки од Бети. Истражив неколку интересни модели и ги пратив да ги сплете. Алките што ги направи беа прекрасни! Спонтано решив да ги подарам на жени кои биле до мене и ми помогнале во мисијата на Еснаф, жени кои се успешни и на свој начин придонесуваат за подобро општество. Така Бети доби причина и цел да плете и воедно да собира средства за својата терапија. Во текот на инцијативата жените објавија и оддадоа признание на Бети за нејзините дела. Тогаш повторно ме побара Тетка Мира, овој пат со солзи во очите од радост, за среќата на Бети, поради признавање на нејзината работа и труд.

Топло е на душата кога правиме нешто со искрени намери и љубов.

Денес ви ја претставувам нашата Елизабета Петковска Тоа што има Даунов Синдром не ја запре да твори и да создава прекрасни дела. Им благодарам на жените кои ја воздигнаа преку нејзините творби и донесоа радост! Не од сожалување, туку поради способноста тоа да го надмине и твори и на тој начин да заработи!

 

Разгледај дел од изработките на нашата Бети

 

ЖОЛТО ЌЕБЕНЦЕ ЗА ШОЛЈА

 

ПЛЕТЕН ТУПФЕР ЗА ЛИЦЕ

 

КАФЕНО ПЛЕТЕНО ЛАНЧЕ

 

ПЛЕТЕНА АЛКА

 

ПЛЕТЕНА АЛКА Маслина

 

ПЛЕТЕНА БАНДАНА ДОДАТОК ЗА МИЛЕНИЧЕ

 

ПЛЕТЕНА НЕСЕСЕР ТАШНА

 

ПЛЕТЕНА ФУТРОЛА ЗА ШИШЕ

 

ПЛЕТЕНИ ПОДМЕТАЧИ ЗА ЧАШИ ОВОШЈЕ