fbpx

Првата дама во посета на Еснаф – Незапирлива

Денес во посета на Еснаф беше првата дама, Г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска. Ви благодариме од срце за посетата, што одблиску се запознавте со нашата приказна и ја поддржувате иницијативата “Незапирлива”!

Во продолжение ја пренесуваме нејзината изјава:

,,Секоја жена умее и може да создаде своја успешна приказна и покрај секојдневните потешкотии.
Основајќи го “Еснаф”, Изабела Соколовска за себе и за другите жени создала можности за изработка на ракотворби, но пред се’, можности за победа над животните предизвици.
Изабела и други бројни жени со попреченост и жени од ранливи категории се дел од иницијативата „Незапирлива“. Тие не запираат, продолжуваат да творат и да му пркосат на секој проблем.“