ФИЛЦ

Филцот е еден од најстарите материјали кој е познат на човекот. Станува збор за  неткаен материјал, кој се добива со пресирање на влакна од животинско потекло.

Некои типови на филц се меки, а други пак се доволно цврсти за да се користат како градежен материјал. Може да биде во било која боја, големина и облик. Технологијата на негова изработка е постара и од ткаењето и од плетењето.

Филцот има широка употреба, од применета уметност односно дизaјнот на текстилот каде што многу е ценет како еколошки материјал и поради приспособливоста за различни креативни замисли тој најчесто се користи и за изработка на чанти, играчки, шапки и на модни додатоци.