fbpx

УМЕТНОСТ ОД ЖИЦА ( НАКИТ ОД ЖИЦА ) WIRE WRAPPING

Накитот од жица е многу повеќе од обичен моден додаток, тоа е древна уметност која се истакнува со уникатност и софистицираност. Ова е една од најстарите техники за изработување на накит. Се користи жица за накит од која се изработуваат потребните компонети, кои потоа се поврзуваат едни со други. При процесот на поврзување се користат механички техники без лемење или загревање на жицата. Кај овој пристап жицата се витка во јамка или друга декоративна форма при што нејзиниот крај се мота околу неа. Ова ја прави јамката односно декоративната форма трајна, а од овој процес произлегува и самото име на занаетот.

 

Уникатно, современо, безвремено, постојано Жици од алуминиум, бакар, месинг… завиткани во необични парчиња накит, навидум груби во едноставноста, но сепак оргинални во грубоста. Можноста да се обликува жицата по наша желба, да се вдахне живост и душа на суровиот метал е она што ги прави овие парчиња накит единствени и неповторливи. Кога сето тоа е оплеменето со драги, полу драги камења или кристали добивате парчиња накит за вечноста.

Можностите да се обликува жицата се без крај и затоа се почеток на нешто ново, секогаш поинаку доживеано, видено, почувствувано… Техниката може да се примени на повеќе различни начини, од едноставно виткање па се до ткаеење или чукање на жицата.