fbpx

ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА КУПУВАТЕ РАЧНА ИЗРАБОТКА ОД ЕСНАФ?

Дали знаете дека со купувањето на изработка од нашето мало креативно катче предизвикувате лавина од реакции? Вие доаѓате по подарок, нешто за дома или ситница за да си го развеселите денот, а исто така од друга страна предизвикувате мала магија.
Со купувањето на изработка од Еснаф покрај тоа што овозможувате да постои некој мал бизнис, вие во исто време сте мотив и поттик за изработувачот и знак дека е на добар пат во тоа што го прави, а тоа чувство нема цена! Потврда дека целиот труд, усовршување, време, посветено е во нешто што вистински вреди и добива заслужено внимание.
Вие ни помагате да постоиме како социјално претпријатие кое има капацитети да расте и да се развива. Со поддржувањето на малите занаетчиски бизниси кои се дел од нашето креативно семејство вие овозможувате да расте и постои Еснаф.
Како што може да забележите со купувањето на рачна изработка од Еснаф вие правите мала, но многу моќна општествена промена. Купувате, поддржувате, мотивирате…
Вака изгледа од наша перспектива
И затоа ви благодариме на сите 💚💛