fbpx

ШТО ДА КУПИТЕ ВО СКОПЈЕ

Кога си во Рим однесувај се како римјанин. Кога си во Македонија купувај македонски производи. Ако помисливте дека алудираме на кампањата за поддршка на македонската економија ( која е сосема оправдана ) се излажавте. На ум ни е една случка што се случи неодамна во нашата продавничка за “тајни” Еснаф.
Така еден туриста стана јунак на нашава анегдота. Имено младото момче влезе во Еснаф со намера да купи подарок за драга личност. Е сега тешко е да купите нешто за себе , а камо ли за другите. Дополнителна тежина му правеше големиот избор на рачни творби, дело на над 100 тина ракотворци, мајстори во различни занаети. Во неврзан разговор му ја објснив идеата за Еснаф, уникатноста на секое парче, техниките во кои се изработени парчињата кои го интересираа и дека секое од нив е дело на ракотворци од Македонија без разлика на културата на која припаѓаат. “Да биде накит? А да биде сувенир? Можеби нешто општо за домот?” Збунето се прашуваше. А ИМАТЕ ЛИ СТАТУИ НА БУДА? Често патувам и ако размислам подобро сигурно некаде, некогаш сум го направила истото. Но целта на овој текст не е само за да ја раскажеме оваа анегдота и да се насмееме, туку и да Ви дадеме листа на предлози што да си понесете од посетата на Македонија како сувенир или што да подарите , а да го има тој препознатлив македонски дух.
______________
Накит од сребрен Филигран
Креативноста на македонскиот народ посебно е изразено во техниката филигран со која се изработуваат најубавите парчиња накит од сребрени или златни нишки. Мотивите можат да бидат најразлични во зависност од виртоузноста на авторот. Најзастапен мотив во Македонскиот фолкор и традиција е пеперутката, за која се вели дека претставува симбол на верата, патот кој човекот треба да го помине за духовно да порасне и да се доближи до Бог. Со купувањето на овој накит, вие не купувате само за вас , него и за идните генерации.
______________
Филигран од срма
За разлика од традиционалниот филигран, каде во изработката се користат сребрени нишки, овде се употребува срмен конец што ја прави оваа техника уникатна. Мотивите се најразлични и повеќето произлегуваат од богатата историја, култура и традиција на македонскиот народ. Како да им ја доловите на вашите блиски авантурата наречена Македонија? Едноставно подарете им филигран од срма.
Грнчарски предмети, сувенири Грнчарството е длабоко вкоренето во македонска традиција. Тоа датираат уште од праисторијата, а примероци од античкиот, византискиот и отоманскиот период можат да се видат и ден денес. Магнети, бардиња, опинци во традиционални дезени , рачно обликувани и декорирани се оддличен сувенир од Македонија.
______________
Вез
Од дамнина везот се користел за декорација на облеката ( кошули, носии, марами…) а секоја мома ја совладувала оваа техника за да стане добра невеста и домаќинка. Везени ташни, салфетки, везени ланчиња, алки и други додатоци се практични сувенири, кои ќе ви ги будат спомените на оваа земја.
Плетени играчки и додатоци Кога не работеле на поле или нижеле тутун, македонските жени се собирале на плетечка дружба. Од потреба до украс , ова вештина била длабоко вкоренета во начинот на живот. Плетена играчка за вашите најмали, можеби капа и шал за баба, модерна ташна за девојката. Во секое парче е вградено многу трпение и љубов.
_____________
Нижење на монистра –ќостек
Нижењето монистра е длабоко вкоренето во македонската култура и традиција, со оваа техника се украсувале женските носии, невестинските облеки, марами , но и ќотекот, познатиот ороведец, кој мажите го користеле како декоративен елемент. Парчиња уникатен вез од монистра се “маст хев” парчиња од Македонија
Листата на традиционални македонски уникатни парчиња ја надополнуваме со: Производи ( слики, матерки, чашки… ) декорирано со слама во типични македонски мотиви. Производи од дрво (кутии за накит, свеќници, привезоци, магнети…) Рачно шиени и боени кожни производи ( новчаници, нотеси, футроли, привезоци…)
За крај би цитирала една реченица од еден прекрасен текст за рачни творби од Folksy “Each handmade piece of work is as unique as each person in the world… and there’s no need for an upgrade if it’s already perfect” ———
Автор: Билјана Аврамовска