fbpx

СУТАЖ

Сутажот (soutache) познат и како руска плетенка е техника на ткаење на декоративна намотка околу и помеѓу две жици. Најраскошните модни парчиња, накит и декоративни елементи се создадени со оваа техника на “заробување” на драги и полу драги камења и други елементи помеѓу сутажните нишки-гајтани.

Во минатото изработката била со нишки од злато, свила и мешавина од свила со волна, додека денес се користат природни или вештачки конци. Во минатото сутажот бил симбол за статус, воен ранг или богатство. Од руски воени униформи па се до француската мода, сутажот бил украс на најбогатите владеачки семејства и најубавите дами.

Оваа техника била резервирана за елитата-кралските семејства и аристократијата, високите воени офицери или религиски личности, а денес особено е популарна во модата и филмската индустрија. Оваа техника е идеална за создавање персонализирани модни додатоци, накит или украси.