fbpx

ПЛЕТЕЊЕ

Дали сте знаеле дека пред еден милениум во Египет носеле плетени чорапи и дека на почетокот плетењето била само машка работа? Првиот плетачки трговски занает започнал во Париз во 1527 година. Еден од најстарите примери познати за плетење беа памучните чорапи со тесни шеми од плетки во боја, кои се најдени во Египет крајот на првиот милениум.
Во минатото во македонската традиција и култура плетењето била основна вештина која се пренесувала од мајка на ќерка. Стекнувајќи ја оваа вештина тие преминувале од статус на “девојче” во статус на “мома” подготвена за мажење. Плетењето претставува техника со која конецот или предивото ( со игли за плетење ) се претвора во облека или други изработки како: накит, плетени чанти, новчаници, играчки…
Плетењето е метод со која конецот или предивото се претвора во облека или други мајсторски изработки. Сплетениот материјал се состои од последователни редици од врзувања наречени котелци. Како што се нижат редовите, ново врзување се провнува низ постоечкото. Активните котелци се држат на игла се додека другото врзување не помине низ нив. Со овој процес се добива ткаенина која често се користи за облека.
Постојат неколку вида и методи на рачно плетење. Различни типа на конци и игли можат да се искористат за да се добие изобилие на плетени материјали. Овие алатки му даваат на крајниот резултат различна боја, плетка, тежина, целокупност… Други фактори кои влијаат на крајниот резултат се формата на иглата, дебелината и ковливоста, како и типот на влакното од конецот, составот и растегливоста.
Рачното плетење влегло и излегло од мода повеќе пати во последните две децении и во преминот на 21 век доживува повторно оживување