ЗОШТО ДА ГО ОДБЕРЕТЕ ЕСНАФ?

Со денешното брзо темпо на живеење, принудени сме да донесуваме брзи одлуки кога купуваме и затоа многу често не размислуваме за потеклото на производите.

Кога купувате од Еснаф, вие имате целосна контрола врз тоа што ќе го добиете. Покрај тоа што се користени локални ресурси, вие поддржувате и развој на мали занаетчиски бизниси. Бенефитот кој го добивате е што секој производ претставува уникатно квалитетно парче кое се издвојува од секое друго.

Целта на постоењето на Еснаф е развој на мали занаетчиски бизниси. Затоа ве повикуваме заедно да креираме и растеме една заедница на креативци кои ќе се изборат со индустријализацијата и ќе го освојат светот со создавање на вредности кои ќе ја отсликаат сечија индивидуалност.

Лесно ќе го препознаете потенцијалот и затоа ве покануваме заедно да создадеме нов тренд, каде ќе купуваме рачни изработки и со таа промена во нашите навики ќе ги поддржиме домашните занаетчии!