fbpx

ДЕКУПАЖ

Зборот декупаж доаѓа од францускиот збор decoupage, односно decouper, што значи „сече или да исече“. Техниката подразбира сечење на мотиви од хартија и потоа лепење на истите во одредена композиција на некој предмет или мебел.

Како потекло на декупаж се смета исток на Сибир каде со оваа техника Номадските племиња ги украсувале гробниците. Од Сибир практиката дошла до Кина каде што исечена хартија се користела за украсување на лампиони, прозорци, кутии и други предмети. Во 17 век Италија посебено Венеција била на чело на трговијата со Далечниот Исток и општо мислење е дека по пат на овие трговски врски, украси сечени од хартија преминале во Европа.

Инаку, декупаж техниката се нарекувала и „уметност на сиромашните“, бидејќи венецијанските мајстори во 17-от век токму со неа ги разубавувале парчињата мебел, што во тоа време била поевтина алтернатива, за разлика од скапиот и редок мебел на богатите. Но, декупаж мебелот многу бргу ги освојува симпатиите на најпознатите луѓе во тоа време како Марија Антоанета, Мадам Помпадур, а и Пабло Пикасо се користел со оваа техника.