fbpx

Рачна изработка

„Рачна изработка“ е еден од најефикасните опишувачи кои помагаат да се нагласи квалитетот и уникатноста на производот.  Како и сите други зборови и овие се со багаж, имаат своја позадина и мора да се користат со претпазливост. 

Рачната изработка го дефинира рачно изработениот производ, направен рачно или при рачна постапка.  

Овој термин првпат се употребил во почетокот на XVII век.  Други дефиниции вклучуваат аспекти на занаетчиството и имплицираат дека рачно изработената ставка е типично со повисок квалитет од продуктите произведени од машина.  Бидејќи луѓето не се машини, многу изработувачи ги потсетуваат клиентите дека рачно изработените производи може да имаат недоследности или мали недостатоци. Тоа значи дека производот не бил масовно произведен.

 Термините „рачно изработени“ и „рачно изменети“ се прифатливи и синоними. Овие зборови инсинуираат дека иако основните материјали не биле изградени од нула, изработувачот додал свој белег на производот.

 

За нас рачната изработка е еднаква на 

Висок квалитет,

Уникатност,

Производ изработен со големо внимание и љубов,

Производ од проверени и безбедни материјали,

Производ специфичен само на изработувачот со негов посебен белег,

….

А која е вашата прва помисла кога некој ќе каже РАЧНА ИЗРАБОТКА?