fbpx

Зошто www.esnaf.eu?

Често пати ме прашуваат: Зошто esnaf.eu? Зошто не е .com .mk?

Уште во раните почетоци додека го формирав моделот на Еснаф, уште пред било што да направам, го контактирав Блаже Аризанов. Неговата книга ,, Белиот Трофеј” ми остави голем впечаток и бев фасцинирана од истрајноста и упорноста на Блаже. Ми беше потребен негов совет мислење. Идејата му се виде интересна и се согласи да ми биде ментор.
Мислам дека секој чекор во создавањето на Еснаф си има своја приказна, ама името за како го одбравме Еснаф, траеше неколку месеци. Сакав да има име што ќе ја пренесе енергијата и значењето на тоа што треба да биде. И така му пратив неколку предлози:
Good store
Creators store
Artisan’s house
Artisan market
Creators store
Кратко и јасно ми рече мора да биде еден збор. Лесен за памтење и убаво да звучи. Мислам дека секој еден што го сретнав во тој период (мај, јуни, јули 2019) го прашував за идеја за име. Бев и на една тридневна обука за социјално претприемништво, на која што имавме вежба задача да поставиме прашање и тимот да помогне со идеи да го решаваме. Сите имаа интересни предизвици, и јас пак со Името за социјалното претпријатие си продолжив. Вежбата траеше неколку часа и на крај резултатот беше: не е битно какво име ќе има, битна е мисијата и тоа е тоа што ќе ги освои луѓето. Преубав помин беше тоа, но пак се вратив на почеток. Не можев ништо да почнам да правам додека немам име.
Истражував и пробував разни комбимации и ги проверував достапните домени. Секогаш се беше веќе купено и зафатено. Сакав да биде esnaf.com но доменот се продава за 10 000 долари, па така помислив да бидеме esnafki.
Во продолжение го пренесувам одговорот од Блаже, како се одлучи, баш во негов стил :
Esnaf е кратко, звучи глатко, и не е типичен Англиски збор што му додава елемент на егзотичност…
Што па мора .мк да биде нели рековме градиме интернационален бранд from Day 1 така да и доменот нека го отсликува тоа.
Оди ајде да купиш www.esnaf.eu, само тој е слободен, пред да решам јас да го купам па после да те уценувам и да ти го продадам за 1000 евра 😀 :D.”

Пресреќна бев и превозбудена дека ќе сепак ќе успееме со Еснаф 🙂 Трчанката на купување на доменот www.esnaf.eu и започнав со следните чекори.
Затоа и цените кои се објавени се во евра, за да бидеме достапни и надвор од Македонија. 💛💚

– Изабела.