УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Добредојдовте на нашата онлајн продавница! Се надеваме дека ќе уживате во купувањето на рачни изработки од локални занаетчии. Подолу се наведени условите кои го регулираат вашето користење на нашата онлајн продавница ( во текстот понатаму „Услови“ ). Со користењето на нашата Онлајн продавница вие ги прифаќате и сте согласни да се придржувате кон Условите; доколку не се согласувате ве молиме да не ја користите нашата Онлајн продавница.

Во овие Услови изразите “ние”, “нас”, “наши” и „Еснаф“ се однесуваат на Институт Креативна Македонија Скопје, со седиште на ул. Ѓуро Ѓаковиќ 29, Скопје, со ЕМБС 7293070, а “вие” се однесува на вас.

Останатите услови исто така се однесуваат на употребата на нашата Онлајн продавница и се вклучени тука во оваа референца. Вклучуваат  посебни услови кои се применуваат за конкурси, промотивни продажби и други функции кои  може да бидат привремено достапни на нашата Онлајн продавница.

Се согласувате дека ќе се придржувате до таквите услови. По потреба може да испечатите копија на овие Услови.

Содржина

Користење на нашата Онлајн продавница

Интелектуална сопственост

Безбедност

Измена на овие услови

Територијална важност

Применлив закон, решавање на спорови

Општо

 

Приватност и колачиња

Нашето известување во однос на приватноста се однесува на сите лични податоци кои се споделуваат на нашата Онлајн продавница. Дознајте повеќе тука.

Нашите политики за колачиња се однесуваат на употребата на колачиња и слични технологии на нашата Онлајн продавница. Дознајте повеќе тука.

Доколку не ви е јасно било што или би сакале да разговарате за овие Услови или за нашата Онлајн продавница со Еснаф, дознајте како да не контактирате подолу.

 

Користење на нашата Онлајн продавница

За да ја користите нашата Онлајн продавница или да би испратиле ваша содржина мора да имате најмалку 18 години ( или да бидете под надзор на родител или старател ).

Не мора да се регистрирате за да ја користите нашата Онлајн продавница.

Слободно истражете ја нашата Онлајн продавница и доколку е достапно, дадете и свој допринос, како прашања, коментари, постови, оцени и рецензии, информации и мултимедијални содржини ( на пр. слики, видеа, музика, звуци, уметнички дела ) (“Корисничка содржина”).

Вашата употреба на нашата Онлајн продавница и вашата Корисничка содржина мора да биде законска и во согласност со овие Услови.

Вашата употреба на нашата Онлајн продавница и Вашата Корисничка содржина не смее:

да нанесе штета, вознемири или повреди други луѓе или да ги крши правата на други лица, вклучувајќи приватност, слика и лик;

да ги злоупотреби или прекрши било кои права на интелектуална сопственост, или да содржи било што довреливо или во сопственост на вас или било кое друго правно лице, а вие да немате право тоа да го објавувате јавно;

да биде незаконска, да клевети ( вклучувајќи го и Еснаф ), да е непристојна, заканувачка, насилничка, расистичка или  ксенофобична, да промовира или охрабрува нетрпеливост, омраза или насилство или на друг начин да биде навредлива, да содржи приговори или да биде непримерна;

да вклучува комерцијални или други реклами или промоции;

да биде лажна, да содржи измама, заблуди или злонамерност, не смеете да се претставувате лажно како било која друга личност или лажно да го претставувате својот идентитет или да дадете било кои други податоци за себе;

да дистрибуирате вирус, црв или друг штетен код за компјутерот, да ја тестирате ранливоста на нашата Онлајн продавница, да доведувате до безбедносни проблеми, оштетување, оневозможување или преоптеретување на нашата Онлајн продавница или на друг начин да ја загрозите, пореметите, преоптерерите, наштетите, нарушите или и пречите на функционирањето или интегритетот на нашата Онлајн продавница или било кое друго лице кое ја користи нашата веб локација.

Не смеете да пробувате да (a) правите масовни, автоматизирани или системски екстракции на нашата Онлајн продавница или да ги користите внатре или за создавање на друг вебсајт, услуга или база на податоци, или да се обидувате да ги продадете повторно и повторно да ги дистрибуирате; (b) да распаднете, користите реверзен инжинеринг, да го одделите или на некој друг начин да го намалите кодот кој се користи во било кој софтвер на нашата веб локација во целосен облик; или (c) да го користите било кој deep линк, да вршите екстаркција на податоците од страницата, веб попишувачите, индексирање, Интернет агент или друг автоматски уред, програм, алгоритам или било која друга слична методологија за употреба, пристап, копирање, стекнување информации, генерирање импресии, влезни информации, да чувате информации, пребарувате, генерирате пребарувања или да го надгледувате било кој дел на нашата Онлајн продавница или содржина.

Имајте на ум дека Еснаф може веднаш и без претходно известување да отстрани било кој дел од вашата Корисничка содржина и /или да ја суспендира или прекине вашата можност за користење на Онлајн продавницата ако веруваме дека не сте ги почитувале овие Услови.

Ние можеме, но не сме обврзани во било кој момент ја  надгледуваме и прегледуваме како и уредуваме, тргаме или одбиваме било која ваша корисничка содржина по сопствено дискреционо право.

Во секој случај, вие сте одговрни и би требало да водите сметка при креирање и објавување на вашата Корисничка содржина. Ветувате дека ќе се придржувате до овие Услови. Може да имате законска одговорност кон нас и трети лица доколку не го направите тоа. Ние можеме, но не сме должни да пријавиме релевантно кршење на овие Услови на регулаторните органи за спроведување на законот.

Известете не веднаш доколку имате било каква примедба на било која Корисничка содржина, видете како да не контактирате подолу.

 

Интелектуална сопственост

Сите содржини на нашата Онлајн продавница, вклучувајки ги без ограничување, текстовите, фотографиите, графиките, уметничките дела, заштитните знаци односно логоа, брендовите, логотиповите, видео снимките, звуците, музката, корисничкиот интерфејс и код ( збирно “Содржина” ), како и изгледот и презентацијата на  оваа Содржина, се во наша сопственост или во сопственост на оние од кои сме добиле лиценца, и се заштитени со авторски права, лого, патент, препознатлив изглед, права sui generis / база на податоци и други права на интелектуалната сопственост.

Ниеден дел од нашата Онлајн продавница и ниедна Содржина не смее да се користи, копира, репродуцира, да се објавува повторно, поставува, објавува, да се прикажува јавно, емитува, шифрира, преведува, пренесува или дистрибуира на било кој друг компјутер, сервер, веб сајт или било кој друг медиум за комерцијална намена, без експилицитна писмена согласност од Еснаф.

Сите останати права се задржани. Освен ако не е експлицитно наведено поинаку во овие Услови, употребата на нашата Онлајн продавница, заштитните знаци или содржината е строго забранета. Морате да добиете наша претходна дозвола за било каква друга употреба на нашата Онлајн продавница или Содржина, вклучувајќи било каква комерцијална употреба која ние можеме да ја одобриме, одбиеме или условиме по сопствено дискреционо право.

 

Безбедно користење

Топло ви препорачуваме да водите сметка и да ја проверите погодноста и компатибилноста на компјутерскиот систем пред употреба на нашата онлајн продавница, вклучувајќи ги разумните мерки на претпазливост за да бидете заштитени од безбедности проблеми, на пример, инсталирање антивирусен софтвер. Доколку одлучите да превземете или копирате материјал од нашата онлајн продавница, тоа го правите на сопствен ризик. Ние не преземаме никаква одговорност за било какво оштетување или вирус кој би можел да влијае на вашата компјутерска опрема или друга сопственост поради вашиот пристап, користење или преземање на било кој материјал од неговата веб локација или поради илегално напаѓање или интервенција во неговиот систем.

 

Измена на овие услови

 

Го задржуваме правото во било кој момент ги промениме овие Услови по сопствено дискреционо право. Можеме претходно да ве информираме, но не мораме да го направиме тоа. Одговорни сте за редовно читање на овие Услови. Доколку продолжите со користење на нашата Онлајн продавница по објавувањето на промените на овие услови, таквите услови ќе значат дека ги прифаќате и ги прифаќате измените.

 

Територијална важност

Нашата Онлајн продавница и производи се прилагодени на корисниците на територијата на Република Северна Македонија и надвор од неа.

 

Применлив закон, решавање на спорови

Вие и Еснаф се сложувате дека секое барање или спор кој се однесува на нашата Онлајн продавница ќе биде регулиран согласно законот на Република Северна Македонија без оглед на неговата одредба во конфликт со законот, и подложен е исклучително во надлежност на судовите во Скопје, Република Северна Македонија.

 

Општи

Овие Услови претставуваат цел договор помеѓу вас и Еснаф во поглед на употребата на нашата Онлајн продавница и содржина, и ги заменуваат сите и сите останати писмени или усни спогодби или договори кои претходно постоеле помеѓу вас и Еснаф поврзани со таква употреба. Доколку некои од одредбите во овие Услови судот ги смета за неважечки и неизвршни, таквите одредби се менуваат или бришат до мера до која е потребно и се заменуваат со важечки одредби кои најдобро ја прикажуваат намерата на овие Услови, така што овие Услови остануваат во потполна сила и важечки. Секој неуспех или одложување на компанијата Еснаф во спроведувањето (во целост или делумно) на било кои одредби на овие Услови нема да се сметаат за откажување од правото или правните лекови на компанијата Еснаф. Овие Услови не можат да се сметаат на начин да даваат било какви права или правни лекови на било која трета страна.